Покорувањето на планини е полесно од покорувањето на себеси. Во животот секојдневно сме сведоци на луѓе кои наоѓаат сила и енергија да постигнат повеќе отколку што некој од нас има сонувано. Боби Величков го надминува тоа и со целата храброст која може да ја поседува еден човек, дури и повеќе од тоа, веќе 6 години со парализа на долните екстремитети учествува на Виз Ер Скопскиот маратон.
Величков на 36 години си го повредил ‘рбетот и веќе 33 години е во инвалидска количка, никогаш не предавајќи се на својот хендикеп, секоја година вежба на кејот на реката Вардар во Скопје. Боби се труди секојдневно да се грижи за своето здравје затоа што поради недоволна опременост и разни други пречки има проблеми со мускулите и зглобовите. Во Македонија има луѓе кои секојдневно се соочуваат со истите предизвици. Боби вели дека не смее да се подлегне на притисокот и дека затоа се труди да ги охрабри сите да вежбаат и да тренираат. Редовното спортување на Боби му помага да ги надмине предизвиците кои му ги носи животот. Тој вели дека луѓето како него мора да се прилагодат и дека не смеат да се опуштат затоа што така полесно ќе им бидат покорени духот и телото.
Боби Величков започнал со натпреварување на Виз Ер Скопскиот маратон во 2012 година на трката на 5 км. Неговиот син Славко не знаел дека Боби се приклучил на трката и се изненадил од неговата одлука. Подоцна во 2013, 2014 и во 2016 тој учествуваше на полумаратонот (21 км).
Последните неколку трки Славко трча заедно со татко му. Тој вели дека на почетокот мислел дека му помага на Боби, но дека евентуално сфатил дека татко му е тој што му помага на него, човекот кој му ја дава храброста и енергијата да постигне што е можно повеќе во животот.
Боби Величков со неговите 69 години е единствениот параплегичар кој со години учествува на Виз Ер Скопскиот маратон. Боби е херојот на годината чија пожртвуваност и посветеност повикува за надминување на самиот себе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА