Драган Бочески си поднесе оставка на клупата на второлигашот Охрид Лихнидос, по серијата порази на тимот на стартот од Втората лига – Запад.
Бочески и покрај тоа што беше присутен на последниот натпревар кој охриѓани убедливо го загубија од Пелистер, сепак оставката до раководството на клубот ја поднел уште по поразот на Охрид во Дебар од Кораб.
Наредниот период, до официјалното назначување на нов шеф на стручниот штаб, екипата ќе ја води досегашниот асистент на Бочески, Марино Маркоски.
Охрид во следното 5. коло од шампионатот гостува на тимот на Кадино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА