Бодибилдерите тргнаа по медали – MOZZART ги поддржа пред тргнувањето на Светско Првенство

Нашите претставници Мери Акиевска и Петар Богдановски сакаат да се искачат на подиумот на светскиот собир.

Големите надежи на македонскиот бодибилдинг тргнаа во борба за медали, а компанија MOZZART ги поддржа пред тргнувањето на Светското првенство! Регионалниот лидер во приредување игри на среќа стана спонзор на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија за светскиот шампионат кој се одржува до 8-ми ноември во шпанскиот град Санта Сузана.

Наши претставници ќе бидат Мери Акиевска, балкански и македонски шампион и Петар Богдановски јуниорски шампион во Македонија, кои со највисоки амбиции тргнуваат на најважното натпреварување за нив оваа година.

Бодибилдинг и фитнес репрезентативците се подготвени за патување, настап и битка со најдобрите на светот на светското првенство. Новитет е тоа што започнуваме соработка со MOZZART, за која се надевам дека ќе биде долгорочна и плодна. Благодарност до компанија Mozzart за поддршката која федерацијата ја добива и има. Амбициите за ова светско првенство ни се поставени високо. Целта е медал!” – изјави Бобан Ѓороски, претседател на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија.

Компанијата MOZZART на овој начин ја продолжува својата мисија за вложување во спортот ширум земјата, бидејќи претходно стана спонзор на ФК Академија Пандев, РК Пелистер, ФК Шкупи, го помогна Вардар кога се најде во тешка финансиска ситуација, а низ акцијата “Нови дресови за нови шампиони” од недела во недела донира опрема на спортски колективи.

Задоволство ни е што ги поддржуваме Бодибилдинг и фитнес репрезентативците на ова многу важно натпреварување. Се надеваме дека ова спонзорство уште повеќе ќе ги мотивира нашите асови и ќе им помогне да го исполнат целиот свој потенцијал. Им посакуваме многу успех во борбата за медали, а ние со цело срце ќе навиваме за Мери и Петар. Тие за нас се веќе шампиони!” – порача Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во компанијата MOZZART.

 

Се вчитува...