Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Мбоџи во 23. минута. Гостите имаа шанса да израмнат на 1-1 во 54. минута, но Хог не успеа да реализира од белата точка. Мбоџи со својот втор гол зголеми на 2-0 во 74. минута. Норвежаните успеаја да намалат на 2-1 преку Баси во 78. минута, додека конечните 2-2 ги постави Фет во 90. минута.
Slavia Prague [1] – 0 Bodoe/Glimt – Youssoupha Mbodji 23'
byu/ayoefico insoccer
Во вториот меч од програмата во 18.45 часот во пријателското дерби Олмимпијакос и ПАФОС одиграа без победник 0-0. Домаќините иако имаа и играч повеќе уште од 26. минута кога Бруно доби втор жолт картон, не успеаја да ја затресат мрежата на противникот кој што одлично се бранеше.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1. КОЛО:
(18.45) ОЛИМПИЈАКОС – ПАФОС 0-0
(18.45) СЛАВИЈА ПРАГА – БОДО ГЛИМТ 2-2
(21.00) АЈАКС – ИНТЕР
(21.00) БАЕРН М. – ЧЕЛСИ
(21.00) ЛИВЕРПУЛ – АТЛЕТИКО М.
(21.00) ПСЖ – АТАЛАНТА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

