Бодрете ги кошаркарите: Билетите за Романија по цена од 100 денари

Македонската Кошаркарска Феерација денеска ги пушти во продажба билетите за дуелот од второто коло од претквалификациите за ЕП 2021, во кој „црвено-жолтите“ во Скопје в недела ќе ја пречекаат Романија (18.15 часот, СЦ „Борис Трајковски“).

Триумфот над Косово беше од огромно значење, а неделната пресметка со Романците е идеална можност за зацврстување на првото место и огромен чекор напред кон главните квалификации за наредниот Евробаскет. Токму затоа, на избраниците на Давитков им е неопходна поддршка од трибините за да продолжат со победнички чекори, кон излез од кризата во која репрезентацијата падна во последните неколку години.

Влезниците за овој натпревар се веќе пуштени во продажба и ќе се продаваат по симболична цена од 100 денари во продажната места на МК ТИКЕТС. Билети ќе можат да се купат и на билетарата при СЦ „Борис Трајковски“ в недела од 14:00 часот.

Се вчитува...