Ракометната Федерација на Македонија денеска ги пушти во продажба влезниците за претстојниот бараж дуел за пласман на СП 2019, во кој „црвено-жолтите“ на 10 јуни со почеток во 20.30 часот ќе ја пречекаат селекцијата на Романија
Раководството на РФМ како и секогаш се реши за популарни цени, се со цел ракометарите да добијат што поголема поддршка од трибините, па билетите за овој максимално значаен дуел се со цена од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).
Македонската машка ракометна репрезентација првиот од двата бараж натпревари ќе го игра во Скопје, а ревашнот ќе се игра во Клуж на 13 јуни. Победникот од двомечот ќе обезбеди учество на Светското Првенство што ќе се игра во Данска и Германија во јануари 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА