Бодрете ги ракометарите против Луксембург, цените на билетите се 50 и 100 денари

Ракометната Федерација на Македонија објави популарни цени на влезниците за претстојниот квалификациски дуел против Луксембург, што ќе се игра на 12 октомври во СЦ „Борис Трајковски“.

Навивачите на нашиот национален тим ќе можат да набават билети по цена од 50 и од 100 денари, се со цел арената да биде исполнета со што повеќе ракометни фанови кои ќе им дадат поддршка на избраниците на Лазаров на стартот од новиот квалификациски циклус.

Како што информираат од куќата на ракометот, продажбата на билети ќе стартува од петок, а ќе се одвива преку мрежата на МК Тикетс.

Се вчитува...