Бодрете ја Македонија против Англија за цена од 300 до 500 денари

Фудбалската репрезентација на Македонија ги загуби шансите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија, но во ноемврискиот циклус ни остануваат натпреварите со едни од најдобрите селекции во светот Италија и Англија.

По гостувањето во Рим кај Италијанците, избраниците на Боби Милевски овој квалификациски циклус ќе го затворат со дуел на домашен терен против Англија на 20. ноември.

Откако ФФМ веќе работи на завршување на теренот кој треба да блесне на овој меч, од Куќата на фудбалот излегоа со популарна цена на картите за овој меч. На Управниот одбор денеска беше донесена одлука цените на билетите за овој меч да се движат од 300 до 500 денари.

Се вчитува...