Македонската фудбалска репрезентација на втори јуни гостува во Бугарија во натпревар од Лигата на Нации, а тамошната федерација денеска објави дека започна продажбата на билетите за натпреварот кој е со почеток од 19 часот.
Стадионот е поделен на четири сектори, а цените варираат од шест до триесет евра. Најевтин е секторот Б каде билетот е шест евра, по него следува секторот А за кој билетот чини девет евра. Најскапинот билет на трибините е 12 евра, додека ВИП-билетите се по цена од 30 евра.
Билетите се пуштени во продажба преку мрежата „Eventim“ и може да се купат на билетарата во Разград, како и онлајн на ОВОЈ линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА