Поранешниот играч на Тотенхем, Џејми О’ Хара ја критикуваше политиката на Челси со новито сопственик Тод Боели. Откако пристигна во клубот, Боели потроши повеќе од една милијарда фунти на играчи.
Според О’Хара, срцето на Челси е академијата на клубот, а со Боели повеќе тоа го нема.
„Шок е што Челси го продава Конор Галагер. Боели направи хаос во клубот. Кога пристигна во Челси, се обиде се една милијарда да купи играчи, а заборави дека срцето на тимот е академијата. Челси веќе нема срце. Галагер е срцето и душата на Челси. Онаму каде што му недостига вештина, тој го надополнува со карактерот и желбата за победа. Тој е пример за другите малди играчи. Челси не треба да го продаде него, за да ги балансира платите на Мудрик и Дисаси, кои имаат просечни перформанси“, изјави О’Хара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА