Боeли за потсмев: Кажа дека Челси ќе слави 3-0 против Реал, а „сините“ најлоши во последните 30 години

Сопственикот на Челси Тод Боeли пред натпреварот со Реал Мадрид кажа дека неговиот тим ќе слави 3-0 во пресметката со „кралевите“. Запрашан како ќе им објасни на навивачите за слабата форма на тимот, тој кажа: „Ќе победиме 3-0. Тоа им го кажав и на нашите фанови, го чувствувам тоа“.

После оваа изјава и поразот на Челси од 2-0, Боeли служи за потсмев на социјалните мрежи кои „пукаат“ против „сините“, и покрај тоа што го одиграа вториот натпревар на кој упатија повеќе удари во ЛШ (вчера имаа 10, а против Јувентус во групната фаза имаа 13).

Сепак, таа изјава на Боeли уште повеќе е контроверзна од причина што Челси веќе четврти натпревар не знае за триумф и за постигнат гол во сите натпреварувања. Воедно, „сините“ имаат повеќе порази од победи, што не се случило во последните 30 години, односно од 1993 година.

Се вчитува...