Богатинов останува во Етникос Ахна до 2023

Поранешниот македонски репрезентативец Мартин Богатинов останува на Кипар и следната сезона. Тој го продолжи договорот со Етникос Ахна и ќе ја чува мрежата на овој тим и во наредните две сезони.

Богатинов од 2015 година е член на Етникос Ахна и досега има повеќе од 100 настапи за кипарскиот прволигаш. За репрезентацијата на Македонија забележа 18 настапи.

34-годишниот Мартин Богатинов веќе седум години ја гради кариерата на Кипар, а претходно беше интернационалец и во Украина и во Романија.

Се вчитува...