Mакедонскиот картинг шампион, Петар Богатиновски во класата до 10 години повторно е на картинг-патеките. По големата пауза поради Ковид-19 кризата, на 5. септември, во сабота, ќе се трка на патеката Ада Хуја во Белград. Оваа трка ќе се бодува за Централно-европската зона.
Богатиновски ќе настапи во Класа 2 – Ротакс Мини Макс која е за натпреварувачи од 10 до 12 години. Петар досега настапуваше во класа 1, која е за учесници до 10 години.
Петар Богатиновски е и двократен шампион на Србија во 2017 и 2018 година, a 2018 е европски вицешампион во неговата категорија. Ова е четврта трка годинава, но за Петар ќе биде прв настап поради глобалната пандемија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА