Богатство за дресот на Пеле од последниот натпревар за Бразил

Дресот во кој славниот Пеле го одигра последниот репрезентативен натпревар беше продаден за 30 000 евра. На аукцијата на спортски предмети организирана во Торино дресот кој Пелес го носеше на приајтелскиот натпревар против тогашна Југославија во 1971 година во Рио де Женеиро достигна највисока цена.

Меѓу другите спортски предмети, на продажба беше и жолтиот дрес кој Фаусто Копи го носел на Тур Де Франс во 12952 година. Тој достигна цена од 25 000 евра. Синиот дрес од Јувентус кој Лучиано Спиноси го носел во финалето на Купот на саемски градови во 1971 беше продаден за 9400 евра. Дресот на Марадона од Наполи од сезоната 1989/1990 беше продаден за 7500 евра.

425 евра достигна безбол палката што ја користел Мајкл Џордан во караткиоит период кога се занимаваше со овој спорт.

 

Се вчитува...