Богдан Богдановиќ својата НБА кариера би можел да ја продолжи во Милвоки откако овој тим покажа сериозен интерес за одличниот шутер.
По трите години поминати во Сакраменто, српскиот интернационалец сега има опција да стане слободен играч, а според неговите квалитети неизбежни ќе бидат понудите од тимови кои се претенденти за титула. ЛА Лејкерс исто така покажа сериозен интерес за српскиот шутер, но многу пореална е опцијата тој да се пресели во Милвоки, како огромна помош за Адетокумбо во обид да се состави шампионски тим.
Според американските медиуми, на Богдановиќ ќе му биде понуден договор на четири години со вкупна вредност меѓу 64 и 74 милиони долари.
Претходната сезона 28-годишниот бек бележеше просек од 15.1 поен, 3.4 скока и 3.4 аситенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА