Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ, се врати на теренот по повредата што ја заработи во групната фаза на Евробаскетот. Поради повреда на грбот, Богдановиќ не можеше да им помогне на своите соиграчи на Евробаскет.
Ова се одрази на играта на репрезентацијата и раната елиминација во осминафиналето од Финска. Сепак, според соопштението на Лос Анџелес Клиперс, Богдановиќ сега се вратил на тренинзите во НБА.
Според првите проценки, јасно е дека Богдан ќе биде подготвен за почетокот на сезоната, со оглед на тоа што тренираше и со топка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

