Богдановиќ го откри клучниот момент поради кој Србија освои медал на ЛОИ во Париз

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Богдан Богдановиќ беше гостин во Српската радио телевизија (РТС). По тој повод, кошаркарот на Атланта Хокс зборуваше пред се за неодамнешните Олимписки игри во Париз, каде што „орлите“ го освоија бронзениот медал.

Иако веќе има европско и светско сребро, тој истакнува дека олимписката бронза му е најомилена досега.

„Ова е прв пат да завршиме со победа. Мислам дека тој медал ќе ни помогне во иднина. Што е успех, прво, второ, а најмногу го славиме третото место. Ние сме нормални луѓе, сакаме да бидеме среќни кога се нашите пријатели и семејството со нас. Најтешко е да се освои бронзениот медал, а нашиот селектор успеа да нè подигне на брзина по поразот од САД“, изјави Богдановиќ. 

Се вчитува...