Капитенот на српската репрезентација, Богдан Богдановиќ, наскоро најверојатно ќе ги напушти Лос Анџелес Клиперс, кои веќе се подготвуваат да го трејдаат.
Бекот на Клиперс се мачи со повреди оваа сезона, поради што одигра само 15 натпревари. Ова е негова прва сезона во НБА во која има едноцифрен учинок на поени, а во франшизата од Лос Анџелес проценија дека е дојдено време да се прекине соработката.
Клиперс сакаат да го трејдаат Богдановиќ, а рокот за тоа е 5 февруари. Со трејдот на Богдановиќ до тој рок, Клиперс ќе се ослободат од неговиот договор, кој е вреден 16 милиони долари за оваа сезона, како и за следната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

