Богдановиќ: На Балканот ако загубиш натпревар не смееш да излезеш во градот вечерта

Американската кошаркарска јавност е воодушевена од балканските кошаркари кои не чувствуваат притисок натпреварувајќи се во најсилното кошаркарско првенство, НБА лигата.

По Никола Јокиќ кој имаше интересна изјава „Играв во Србија брате“, сега на оваа тема говореше и неговиот капитен во националниот тим, Богдан Богдановиќ кој пред преселбата „преку барата“ стекна драгоцена искуство со настапи за Партизан и Фенербахче.

„Играв големи натпревари уште како 18-годишник за Партизан. Таму започнав, а потоа играв и за Фенербахче. Таму ако не победиш натпревар не можеш да излезеш во градот вечерта. Не можеш да имаш нормална вечера. Не можеш да се забавуваш. Тој притисок не го чувствувам повеќе. Сега само ја играм играта“, изјави Богдановиќ.

Се вчитува...