Богдановиќ нов кошаркар на Њујорк Никс

Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ, од Детроит Пистонс е „трејдуван“ во Њујорк Никс.

Адријан Војнаровски наведува дека Богдановиќ ќе биде испратен во Њујорк, во замена за Еван Фурније, Квентин Грајмс, Рајан Аричидјакон и Малаки Флин, додека со Бојан во Њујорк оди и Алек Буркс.

Пистонс ќе добијат и два пика на втората рунда на НБА драфтот. Тоа ќе ги направи Никси шутерски подобри, додека со Детроит ситуацијата е многу полоша. Пистонс се најлошата екипа во НБА Лигата. Богдановиќ е дел од Детроит од 2014 година, откако дојде во овој тим од Бруклин.

Се вчитува...