Богдановиќ: Се уште не сме го виделе најдоброто од Никола Јокиќ

Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ верува дека светот се уште не го видел најдоброто од неговиот репрезентативен колега, а НБА ривал, Никола Јокиќ.

Центарот на Денвер игра нова неверојатна сезона во која одново е претендент за МВП признанието, но Богдановиќ верува дека се уште има простор за напредок.

„Докажува дека и кога си најдобар, кога три пати со МВП, НБА шампион, секогаш има место за напредок. Секогаш можеш да напреднеш во играта и да се трудиш да бидеш подобар. Вистинската конкуренција е сам со себе. Јокиќ постави нова граница за што е можно. Неверојатно е колку е постојано настапува на високо ниво. Се надевам и навистина верувам дека повторно ќе биде МВП“, изјави Богдановиќ.

Се вчитува...