Претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ, во свое гостување на српски медиуми говореше за многу работи, а во таа прилика објави дека црно-белите веќе се договориле за доаѓањето на двајца српски играчи.
Водителот на емисијата го праша Мијаиловиќ дали Партизан ќе го доведе Богдан Богдановиќ, кој моментално е член на Лос Анџелес Клиперс.
„Не знам, тоа е тајна. Секогаш имам ас во ракавот, Жељко беше доведен, а и Тринкиери, секогаш имам ас во ракавот, затоа не грижете се. Нека ова не се толкува како да го изневериме нашиот тренер. Пењароја има договор за следната сезона, го почитувам, мислам дека ќе заврши одлична работа, тука во клубот…“ вели претседателот на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

