Пет дена не делат од почетокот на Евробаскетот 2022 на кој ќе настапат најголемите ѕвезди на европските репрезетнации. Никола Јокиќ ќе ја брани честа на Србија, Лука Дончиќ на Словенија, Јанис Адетокумпо на Грција…
Србите предводени од МВП-то огна НБА лигата се едни од фаворитите за златниот медал, но српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ кој поради повреда ќе го пропушти континенталниот собир фаворитската улога ја префрли на Словенија.
„Според мене, Словенија со Лука Дончиќ е прв фаворит за Евробаскетот. Тој е секогаш комплицирано натпреварување за освојување на медал бидејќи нема слаби тимови. Тука се вообичајните фаворити – Франција е многу силна, Ливтанија знае да биде незгодна, а тука е и Грција. Мислам дека и ние играме многу добра кошарка и дека сме меѓу фаворитите за медал. Јокиќ не прави сите нас 50 отсто подобри“, вели кошаркарот на Атланта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

