Богдановиќ: Србија цели на злато

Србија на престојниот Евробаскет кој започнува на крајот на месец август и ќе трае до средината на септември е прв фаворит за освојување на златниот медал доколку се земе во предвид тимот кој ќе ги брани националните бои.

Во пресрет континенталниот собир за медиумите говореше и капитенот на Србија, Боган Богдановиќ кој го прифати предизвикот и притисокот кој е на тимот кој чека европско злато од 2001 година.

„Свесни сме да притисокот. Знаме многу, особено за нашата кошаркарска историја. Но, фокусот мора да биде на сегашноста, на престојното првенство. Дали сме свесни за теретот? Да, нормано. Но, тоа е дел од играта. Морате да го прифатите, да поминете низ него и да го пробиете. Се надевам дека овој пат ќе завршиме со подобар резултат“, изјави Богдановиќ.

Се вчитува...