Богдановиќ за судирот со Леброн Џејмс: „Имаше и пцовки…“

Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ по враќањето во Белград откри дека имало и пцовки меѓу него и Лебрн Џејмс во полуфиналето на ЛОИ 2024 во Париз.

Американците, на крај, во драматичен меч успеаја да победат иако беа и пред пораз.

„Искрено да кажам, многу се расправавме. Се боревме, тој за своето јас за моето. Жар на борба. Имаше тука и пцовки, но тоа останува на терен“ – изјави Богдановиќ, притоа дополнувајќи:

„Емоциите се измешани. Навистина сме изненадени од поддршката која ја добивме од сите во Србија. Овој пречек во Белград е нешто феноменално. Незаборавно! Повторно го делиме балконот со Новак Ѓоковиќ, и се надевам дека така ќе биде и во иднина уште понатака.“

Се вчитува...