Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Богдан Богдановиќ пред почетокот на кампот во негова организација беше на средба со српските медиуми.
Богдановиќ тренираше во опрема на Партизан, што ја разбуди „фантазијата“ на црно-белите навивачи. Капитенот на Србија беше запрашан кога повторно ќе го носи црно-белиот дрес на Партизан.
„Само сакав да испратам поддршка за мојот клуб, каде што ја започнав мојата професионална кариера. Сите знаат колку го сакам Партизан, ми обезбедија услови за тренинзи. На овој начин сакав да им испратам порака на благодарност. Знам сите го чекаат моето ветување, но не можам да ве лажам. Мојот фокус е НБА во моментов, но кога ќе дојде време, ќе одлучат емоциите“, изјави Богдановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА