Агонијата на Лос Анџелес Клиперс продолжува и во втората половина на ноември. Изминатава вечер доживеаја уште еден убедлив пораз, овој пат од Орландо Меџик (129-101).
Тоа е нивниот 11-ти пораз во првите 15 натпревари од сезоната, како и деветти пораз во последните десет натпревари.
Посебно внимание по средбата привлече настапот на капитенот на српската репрезентација, Богдан Богдановиќ, кој ги разочара навивачите. Богдановиќ помина 21 минута и 13 секунди на паркетот, а натпреварот го заврши со само шест поени, еден скок и три асистенции.
Сепак, неговата игра во првите 11 минути предизвика најголема „врева“ во јавноста, при што не запиша ниту една статистичка категорија – нула поени, скокови, асистенции, украдени топки или блокади.
Набрзо се појавија критики на социјалните мрежи, а некои навивачи го обвинија Богдановиќ за „незаинтересираност“ и „пасивност“, нагласувајќи дека очекуваат значително поголема енергија и влијание врз играта од капитенот на српската репрезентација, особено во моменти кога тимот е во очигледна криза.
Bogdan Bogdanovic: pic.twitter.com/yi940Ke6wP
— ChronicBets (@ChronicBets) November 21, 2025
Јален Сагс беше најефикасен во победничкиот тим со 23 поени, Франс Вагнер додаде 20, американскиот репрезентативец Тристон да Силва додаде 17 поени, Дезмонд Бејн 15, додека Блек и Битадзе завршија со 12 и 10 поени, соодветно.
Кај Клиперсите, само Џејмс Харден пружи сериозен отпор со 31 поен, додека Ивица Зубац додаде 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

