Богоевски: Доколку сега промените претседател ќе имате проблем и со ФИБА и со ИОК

Во тензична атмосфера поминува годишното собрание на Кошаркаркарската федерација на Македонија.

Со свој став излезе и директорот на Макеоднскиот олимписки комитет Владимир Богоевски…

„Јас дојдов на ова собрание како гостин, но по три часа собранието уште не е почнато. Ова ме потсеќа на други собранија кај што сум присуствал и навистина е многу чудно однесување од сите тука. И сами гледате дека за пет месеци може да имате изборно собрание и не знам зошто брзте да смените претседател. Во тек на полусезона да правите турбуленции. Ние имавме такво собрание во февруари и ако се продолжи на начин како што го правите и направите недоверба на претседател, тоа нема да е легално и легитимно. Ќе имате проблеми и со ФИБА и со ИОК. Затоа почекајте шест месеци и имате кандидат ќе си дадете, треба да биде пријавен и со цела негова биографија. И тогаш ќе си дигнете рака 46 претставници и ние ќе го прифатиме како легален претседател“, изјави Богоевски. 

Со свој став излезе и инспекторот за спорт во Министерството за спорт на РСМ, Димитар Терзиев.

„За работењето на федерациите и собранието на националната федерација треба да се одржуваат согласно статутот и другите акти за работење. Во одност на надлежностите пропишани во законот за спорт во членот 14 и останатите членови кои се однесуваат на самата функционалност на федерациите. Тука сме само да го следиме собранието и да утврдиме во однос на донесе акти дали се во согласност со надлежностите на законот за спорт“, Димитар Терзиев инспектор за спорт. 

Се вчитува...