Бохум го отпушти тренерот

Германскиот фудбалски клуб Бохум го отпушти тренерот Томас Лех поради лошите резултати на тимот во претходниот период. Бохум на последните шест натпревари забележа едно реми и пет порази, а се бори за опстанок во Бундеслигата.

Лех го презеде Бохум во септември 2022 година во време кога Бохум беше на последното место на табелата и успеа да го спаси тимот од испаѓање.

Бохум не објави кој ќе го преземе тимот, ниту кој ќе го води тимот во следното коло на гостувањето кај Хајденхајм.

Се вчитува...