Македонскиот репрезентативец Агон Елези се наоѓа пред нов трансфер, откако управата на Бохум даде зелено светло за тој да замине на позајмица во нов клуб.
Елези пред околу една година дојде во Бохум од редовите на Вараждин, но не доби шанса каква што заслужува да ги покаже своите квалитети. Потенцијалот на нашиот интернационалец е несомнен, па Бохум во периодов не планира негова продажба. Напротив, целта е тој да биде испратен на позајмица во тим што би му гарантирал минутажа, по што Елези летово би се вратил во Бохум и би се борел за првотимски статус во оваа екипа.
Весникот „Кикер“ повикувајќи се на извори од клубот ја потврди оваа информација, наведувајќи дека Бохум досега нема добиено ниту една понуда за Елези.
„Репрезентативецот на Македонија работеше навистина импресивно на тренинзите, но не доби шанса во првата екипа. Клубот сака да го позајми, досега нема понуди, но се очекува Елези да ги мине следните шест месеци во друга средина“, пишува „Кикер“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА