За разлика од браќата Карабатиќ кои од аферата со обложувањето се извлекоа само со условна казна, српскиот ракометар Младен Боиновиќ за наместените натпревари ќе мора да одлежи четири месеци во затвор.
Поранешниот ракометар на Монпелје во процесот во кој 14 лица беа казнети за местење натпревари во Франција, покрај затворската казна доби и парична казна од 20.000 евра.
Најголема казна во процесот доби менаџерот на обложувалницата, Никола Жил, кој исто така четири месеци ќе биде зад решетки и ќе мора да плати 40.000 евра.
Браќата Карабатиќ, Никола и Лука, неколку дена по освојувањето на шампионската титула на СП во Франција, беа прогласени за виновни за измамата во 2012 година и беа казнети со два месеци условна казна и со 10.000 евра.
Судот во Монпелје во јули 2015 година донесе пресуда, но 14 обвинети поднесоа жалба на пресудата. Сите тие беа обвинети за местење на резултатот на полувремето на натпреварот меѓу Монпелје и Сесон.
Случајот беше отворен откако е утврдено дека едно лице уплатило 100.000 евра на квотата 2.9 за водство на Сесон. Монпелје за кој тогаш играа браќата Карабатиќ и Боиновиќ, тогаш ја освои титулата во Франција, а Сесон се бореше за опстанок.
Никола Карабатиќ ја негираше вмешаноста во аферата истакнувајќи дека неговата девојка се обложувала без негово знаење, што подцна и таа го потврди. Лука Карабатиќ пак, призна дека се обложувал заедно со девојата, но во судот се бранел со зборовите дека тоа било „глупост на млад играч.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА