Чуварот на мрежата Бојан Блажески го продолжи договорот со македонскиот ракометен суперлигаш Бутел Скопје за уште две сезони.
Блажески кој во скопскиот клуб е веќе долго време, по потписот изјави дека следната сезона посакува уште подобри резултати.
„Од самото постоење на клубот го носам дресот на Бутел. Оваа година ми беше доверена позначајна улога во екипата за разлика од претходните години и мислам дека ја оправдав. Меѓутоа одиме понатаму желен сум за подобар успех, подобра сезона од оваа и на индивидуално и клупско ниво“, изјави Блажески по потпишувањето на новиот договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА