Еден од најдобрите хрватски кошаркари во последната деценија, Бојан Богдановиќ одлучи да стави крај на својата професионална кариера на 36 години. Оваа одлука доаѓа по низа здравствени проблеми, повреди кои го оддалечија од теренот во последните неколку сезони.
Одлуката на Богдановиќ да се повлече од кошарката дојде откако ја пропушти целата сезона поради сериозни повреди. По операцијата на левото стопало, тој се обиде да се врати на тренинзите на Бруклин на почетокот на 2025 година. Сепак, компликациите доведоа да треба и трета операција, што го означи крајот на сезоната.
Поради овие здравствени проблеми, Бруклин Нетс го ослободија во февруари 2025 година, со што стана слободен агент. Се шпекулираше за можно враќање во Европа, но беше јасно дека телото на Бојан повеќе не може да ги издржи барањата на професионалниот спорт.
„Понекогаш во животот не го избираш моментот. Тој те избира тебе. По 14 месеци борба со повреда на стапалото, две операции и безброј обиди да се вратиш на теренот, време е да затвориме едно поглавје“, почна тој, додавајќи:
„По повеќе од две децении на теренот, дојде време да се збогувам со кошарката. Не само како спорт, туку и како дел од мене.“
„Имав привилегија да играм за клубови кои оставија трага во европската и НБА кошарката. Од Мостар и Зрињски, преку Реал Мадрид и Мурсија, до Цибона и Фенербахче, го носев секој дрес со гордост. НБА сцената донесе ново ниво на предизвик и искуство. Ги бранев боите на Бруклин Нетс, Вашингтон Визардс, Индијана Пејсерс, Јута Џез, Детроит Пистонс и Њујорк Никс. Секоја станица остави свој белег. Секој дрес имаше своја тежина. Пред сè, на градите го имаше грбот на Хрватска. Националниот тим не беше само должност. Тоа беше чест, емоција и идентитет. Носењето на боите на нашата прекрасна земја, од кадетските денови до сениорското ниво, беше најголема одговорност, но и најголема гордост“, напиша Богдановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

