Бојан Димоски претставен во руски Акрон Тољати

Македонскиот фудбаслки репрезентативец Бојан Димоски денеска беше претставен како нов фудбалер на руски Акрон Тољати.

Димоски во рускиот тим доаѓа од Брера Струмица во трансфер вреден 240.000 евра. Димоски кој беше фудбалер за врска, во последниве две години играше како лев бек и за Академија Пандев имаше три гола и 14 асистенции во 84 меча.

Тој е дел од македонската репрезентација која се подготвува за мечевите со Украина во петок и со Англија во понеделник.

 

Се вчитува...