Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски својата кариера ја продолжува во српскиот суперлигаш ТСЦ Бачка Топола. На крајот од преодниот рок Партизан не ја искористи опцијата да го купи Бојан Димоски од руски Акрон, но тој ќе ја продолжи кариерата во Супер-лигата на Србија.
Левиот бек се одлучи да ја прифати понудата на ТСЦ кој издвои 100.000 евра за негово купување од Акрон, пренесува српски „Моцарт Спорт“.
Во ТСЦ процениле дека им се потребни засилувања на левата страна, поради проблеми со повреди, па одлучено е да се ангажира македонскиот фудбалер.
Димоски одигра четири натпревари оваа пролет за Партизан, на кој му се приклучи од Акрон во Русија како позајмен играч. Пред тоа, ги бранеше боите на АП Брера од Струмица и на Вардар. Досега има и 20 натпревари за репрезентацијата на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

