Македонија го освои првиот медал на Европското карате првенство за кадети, јуниори и младинци кое се одржува во Алборг, Данска. Бојан Костов во категоријата до 52 килограми во кадетска конкуренција стигна до сребрениот медал откако во финалната борба загуби од Русинот Ахмет Ахмедов со 0-8.
Претходно, Костов извојува четири победи, против Холанѓанецот Себастијан ван Тефелен со 3-1, Јакуб Цернички од Словачка со 2-0, Матеа Бустеми од Италија со 1-0 и Германецот Мухамед Оздемир, што претставува извонреден успех за младиот каратист.
Во категорија до 64 килограми, Стефан Стојановиќ со три победи се пласира на 5. место.
Утре се настапите на јуниорите, а во недела помладите сениори (У-21), во натпревари во кои се очекуваат нови медали за македонската селекција.
На Европското првенство во Данска учествуваат 1092 каратист(к)и од 51 држава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА