На Бојан Кркиќ му здодеа да ја грее клупата на Стоук, па шпанскиот интернационалец реши да си замине од овој клуб и кариерата да ја продолжи во германскиот шампионат. Мајнц ќе биде новиот тим на екс-голгетерот на Барселона, откако овој бундеслигаш се договори со Стоук за шестмесечна позајмица на Кркиќ, со можност во јули целосно да се откупи неговиот договор.
Марк Хјуз без многу размислување ја прифати понудата на Мајнц, со оглед на фактот дека стратегот на Стоук ионака не сметаше сериозно на услугите на Кркиќ, па шанса пред него му даваше дури и на Питер Крауч.
Воедно, Стоук во овој преоден рок го ангажираше Сандро Берахино од ВБА за 11 милиони фунти како засилување за навалната линија, што уште при самиот потпис беше окарактеризирано како најава дека Кркиќ ќе мора што поскоро да си бара нов клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА