Бојан Круљ го продолжи договорот со АП Брера

Српскиот тренер Бојан Круљ ќе го предводи македонскиот прволигаш АП Брера и во наредната првенствена сезона. Управата на клубот го продолжи договорот со тренерот уверени дека може да се направи исчекор повеќе во следната сезона.

Круљ во Струмица дојде на почетокот на 2024 и успеа резултатски да го стабилизира тимот но и да обезбеди опстанок во Првата лига. По завршување на последната првенствена сезона, Круљ кажа дека неговите лични амбиции се атак на врвот на прволигашката табела што впрочем се и амбиции на клубот.

„Ќе се обидеме да бидеме на врвот од табелата а ако ни се даде можност за излез во Европа да го искористиме, оти тоа ни е цел. Наша цел е да ги развиваме младите талентирани фудбалери и сигурно ке се обидеме да направиме баланс мегу младоста и искуството и екипата да биде стабилна во текот на целата сезона за да може да освојуваме бодови дома и во гости“, кажа Круљ на почетокот на јуни.

Круљ има 35 години. Претходно има работено во белградски Вождовац, Синѓелич, ИМТ, Рудар од Приједор.

Се вчитува...