Повремениот македонски репрезентативец Бојан Маџовски е пред потпис со еден од најдобрите српски клубови, белградски Партизан.
Партизан, како што пренесуваат српските медиуми, подготвува респектабилен состав за следната сезона со серија интернационални засилувања.
Една од целите на „црно-белите“ е и левото крило од Македонија, 30-годишниот Бојан Маџовски кој е поранешен ракометар на Металург и Еурофарм Пелистер. Минатата сезона Маџовски играше во црногорскиот шампион Ловќен, но сега како слободен ракометар е пред преселба во редовите на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА