Бојан Маркоски го носи Демир Имери во Енозис

Екипата на Енозис од Кипар го назначи Бојан Маркоски за нов тренер, а сега следуваат засилувања со цел екипата да се обиде да избори опстанок во елитната лига на Кипар, со оглед дека се наоѓа на последното место на табелата.

Играчот од средниот ред Демир Имери, би требало во следните денови да стане дел од Енозис. Досегашниот фудбалер на Работнички ќе си замине од таборот на „романтичарите“, и кариерата одново ќе ја продолжи во странство.

Поранешниот младински репрезентативец во минатото беше дел од Олимпик Доњецк од Украина, Моста од Малта, Кеми Сити од Финска, Етнатија и Влазнија од Албанија, како и од Атирај од Казахстан и Андијон од Узбекистан, за првпат ќе настапува во шампионатот на Кипар.

Квалитетите на Имери му  се познати на Маркоски, со оглед дека со него работеше во Работнички на почетокот на сезоната.

Се вчитува...