Бојан Маркоски ќе биде нов тренер на Енозис

Доскорашниот тренер на Работнички и поранешен репрезентативец Бојан Маркоски, ќе биде назначен за нов тренер на Енозис Паралимни од Кипар. Маркоски ќе го води тимот кој е еден од најслабите во Европа (после Шкупи), и има само еден бод од 15 натпревари, со едно реми и 14 порази.

И покрај тоа што најверојатно ќе биде на последното место, сепак, Енозис може да се спаси преку плеј-аутот, иако шансите за такво нешто се минимални.

Маркоски и како играч беше во Енозис од 2009 до 2012 година, а играше и во Аполон, Аја Напа, Отелос и Етникос Ахна. Тренерската кариера ја почна како асистент на Етникос, потоа и прв тренер во оваа екипа, па во АЕЛ Лимасол. Кратко работеше и во Работнички како прв тренер на почетокот на оваа сезона, но по серијата на лоши резултати се раздели од „романтичарите“.

Неговото деби се очекува веќе на 3. јануари во дуелот против АПОЕЛ на гостински терен.

Се вчитува...