Работнички ја заврши својата европска сезона со елиминација уште во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.
Белорускиот Торпедо беше подобар тим од Работнички, победувајќи на двата меѓусебни натпревари, најпрво со 3-0, а денеска и со 0-1 на гостувањето на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
„Победи во овој двомеч подобриот тим, поискусниот, кој е во натпреварувачка форма. Ние се уште не сме во посакуваната форма пред стартот на сезоната. Добивме едно искуство плус во Европа, како начин и за подготовка за она што не очекува во домашната лига“ – истакна тренерот на Работнички, Бојан Марковски по денешниот втор пораз на „романтичарите“ и во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

