Бојан Марковски и официјално нов тренер на Работнички (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец Бојан Марковски и официјално е именуван за нов тренер на Работнички.

Како што претходно се најавуваше, 41-годишниот Марковски, кој досега беше прв асистент на Горан Станиќ во Работнички, сега и официјално потврдено дека ја презема тренерска палка меѓу „романтичарите“.

Бојан Марковски претходно во досегашната тренерска кариера беше помошник и прв тренер на кипарски Етникос Ахна, како и член на стручниот штаб на АЕЛ Лимасол, од каде се приклучи на стручниот штаб на Работнички.

Во играчката кариера настапуваше за Цементарница 55, Вардар, ОФК Београд, Бежанија, Работнички, како и за кипарските Енозис Паралимни, Аполон Лимасол, Аија Напа и Етникос Ахна.

Се вчитува...