Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е еден од добитниците на орденот „Свети Никола“ кој 13 години се доделува за Денот на град Штип – 19 Декември, на заслужни граѓани кои се родени или потекнуваат од Штип.
Како што се вели во образложението од Комисијата за доделување на највисокото признание на Штип, Миовски е еден од најдобрите македонски фудбалери во моментов, силен репрезент на македонскиот фудбал и на меѓународната сцена, вистински спортски амбасадор на Македонија.
Својата кариера ја започна во Брегалница, а играше и за Работнички и Ренова на домашната сцена, па во Унгарија и Шкотска, за да сега е дел од шпанскиот прволигаш Џирона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА