Бојан Миовски го освои првиот трофеј со Џирона

Бојан Миовски е поврзуван со трансфер во овој преоден рок, но македонскиот репрезентативец во меѓувреме го освои првиот трофеј како член на Џирона.

Нашиот голгетер се закити со пехарот од Купот на Каталонија откако Џирона во неизвесен дуел славеше над Еспањол. Дуелот по 90 минути игра заврши без голови, а во изведувањето на пенал-рулетот поумешни беа Миовски и соиграчите, кои славеа со 5-4.

Македонецот влезе во игра во второто полувреме, успевајќи и да се запише меѓу стрелците во пенал-завршницата.

Останува да се види дали Миовски и во новата сезона ќе ги брани боите на Џирона откако нашиот репрезентативец не доби шанса каква што заслужува во својата прва година во шпанскиот клуб по трансферот од Абердин.

Се вчитува...