Бојан Миовски го „тресна“ Глазгов Ренџерс (ВИДЕО)

Кој друг ако не Бојан Миовски? Македонскиот репрезентативец постигна гол против големиот Глазгов Ренџерс, и од 41. минута неговиот тим води на „Хемпден Парк“ во Купот на Шкотска.

Миовски со многу чувство, најпрво ја остави топката до свој соиграч, а потоа влезе во шеснаесетникот каде што доби топка, и елегантно ја смести во мрежата на Мегрегор.

Ова е битка за пласман во финале, каде што е веќе пласиран тимот на Селтик.

Голот на Миовски погледнете го на следниот ЛИНК.

Се вчитува...