По двата успешни настапи за националниот тим во јунскиот собир, Бојан Миовски повторно ова лето ќе се насочи кон клупските активности.
Во интервју за американскиот медиум „РЏ“, Миовски зборуваше и за тоа дали и следната сезона ќе остане во дресот на Џирона, каде низ пролетниот дел од сезонава имаше скромна минутажа.
„Јас го остварив својот сон со настапите во Лигата на Шампионите во дресот на Џирона, но потоа дојдоа повредите кои ме оддалечија од терените“ – вели Миовски, во разговорот со спортскиот новинар Филип Мишов, и дополнува:
„Да бидам искрен, и јас и натаму се гледам во дресот на Џирона во Ла Лига, но дали ќе останам не зависи од мене. Ако ме прашувате, пак, за Абердин, посакувам еден ден да се вратам во тој клуб и повторно да го облечам тој дрес“.
Деновиве, пак, шкотските медиуми пренесуваа информации дека е можно враќање на Македонецот на Островот, но во дресот на Селтик.
КОМПЛЕТНОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

