Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, се приклучи на неговиот тим Абердин на подготовките во Шпанија. Откако потпиша четиригодишен договор, вчера Миовски приситгна во „базата“ на својот нов тим, каде имаше можност да се запознае со своите идни соиграчи.
„Тој е тука“, стои во објавата на Абердин на социјалните мрежи.
Екипата ќе одработи добар дел од подготовките во Шпанија, а потоа се враќа во Шкотска. Миовски и неговиот клуб ќе имаат задача да извадат работна виза, која ќе му биде потребна на македонскиот репрезентативец за престој и работа во Шкотска. Тоа е сложена процедура, особено уште посложена после „Брегзит“.
За таквата долга и „мачна“ процедура се пожалија и од таборот на Абердин, меѓутоа се очекува тој проблем да биде решен пред стартот на првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

