Шкотскиот Глазгов Ренџерс, посветувајќи посебно внимание за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, пренесува навистина убава приказна за гостопримството на Миовски кој на неодамнешниот натпревар против Данди јунајтед, на кој се запиша и во листата на стрелците, беше домаќин на македонски фанови.
Еден од најпрепознатливите поддржувачи на македонскиот фудбал, Игор Ордев заедно со својот сопруга патуваа 2.500 километри од Македонија за да го бодрат Миовски во Глазгов.
И, како што самите соопштија, крајно изненадувачки позитивно Бојан не само што ги пречекал, туку им овозможи и да ги посетат официјалните простории на клубот и самиот стадион во Глазгов, а притоа да заминат и со подароци од клубот и секако дрес од македонскиот репрезентативец.
„За мене е навистина вистинско задоволство што од Македонија доаѓа поддршка за мене, и што можеби заради мене се зголемува и бројот на навивачи на Ренџерс во мојата земја. Јас сум пресреќен и што ја претставувам Македонија секогаш во националниот дрес, но секако среќен што Македонците доаѓаат и тука да ги следат моите натпревари“ – ќе рече Миовски за официјалната телевизија на Ренџерс….
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

