Бојан Миовски си ја крева цената во Шкотска: Два гола за нов триумф на Абердин

Селтик е во дилема дали да плати пет милиони фунти за да го доведе Бојан Миовски во јануарскиот преоден рок, но македонскиот голгетер со одличните изданија покажува дека заслужува да стане најскап трансфер во историјата меѓу два шкотски клуба.

Доказ за тоа беше и вечерашниот дуел меѓу Абердин и Ливингстон, на кој Миовски блескаше и со два погодоци беше најзаслужен што Абердин стигна до победата од 2-1. Ливингстон дури и прв поведе на мечот, но потоа на сцена стапи македонскиот ас, кој најпрвин со маестрален гол со глава израмни на 1-1, за нешто подоцна на асистенција на Дук да го комплетира пресвртот.

Нашиот репрезентативен голгетер веќе има 14 гола зад своето име на помалку од половина во сезоната, па јасно е зошто се наоѓа на листата со желби на пореномирани клубови и дека ако пристигне вистинска понуда, може да се случи веќе во јануари да си замине од Абердин.

Се вчитува...